Осмиците или умниците се третиот сет на моларите кои што никнуваат помеѓу 17-тата и 21-вата година од животот. Многу често се случува да немаат простор нормално да се развијат и би требало да се отстранат за да се превенира идна болка и можна инфекција.
Американското дентално здружение ги проследува следните знаци според кои умниците треба да се извадат:
– Болка
– Инфекција
– Појава на цисти во устата
– Оштетување на соседните заби
– Болести на непцето
– Кариес