Кетогеничка диета против слабост на бубрегот

Американска студија покажала дека исхраната со малку јаглехидрати, а многу маснотии може да ја намали слабоста на бубрегот во рок од два месеци.

Нарушувањето на бубрегот е главна причина за дијабетес, но една американска студија која е спроведена на глувци, покажала дека исхраната со малку јаглени хидрати, а многу маснотии може да го анулира тоа нарушување во рок од два месеци. Тој екстремен начин на исхрана, познат по името „кетогеничка диета“ често се користи за лекување на деца кои страдаат од епилепсија отпорна на лекови, известува АФП.

Оваа диета е толку рестриктивна што мора да се спроведува со помош на експерт. Оброкот, на пример, може да се состои од пржени јајца со павлака, омлет со сланина и путер или зелена салата со обилно залевање со мајонез.

Луѓето со овој начин на исхрана во најголема мерка се ослободува од јаглени хидрати и шеќер, па така се наведува дека организмот согорува маснотии наместо глукоза. На тој начин кај дијабетичарите се блокираат токсичните ефекти на глукозата – простиот шеќер кој организмот го создава со метаболизирање на храната. Овој шеќер е штетен за дијабетичарите, бидејќи тие немаат доволно инсулин за да го регулираат истиот.

Американскиот тим од болницата „Маунт Синај“ објави истражување врз две групи на глувци кои биле генетски предодредени да имаат дијабетес тип 1 или тип 2. Половина од глувците биле хранети стандардно, со храна богата со јаглени хидрати, додека другата половина била на категоричка исхрана. По осум недели слабоста на бубрезите беше неутрализирана кај оние глувци кои беа на споменатата диета. “Нашата студија е прва која покажува дека само со интервенција во исхраната може да се сменат сериозни компликации на шеќерната болест”, вели водичот на ова истражување Чарлс Мобс.

Според американскиот Национален институт за здравство во САД 24 милиони луѓе имаат шеќерна болест, од кои речиси 180.000 страдаат од бубрежна инсуфициенција, како последица на болеста.

Мобс укажува дека кетегоничната диета  веројатно не е погодна како долгорочно решение за исхрана на луѓето, но тоа не е дури и неопходно поради тоа што се чини дека е доволно  само еден месец на таква храна за телото да се “ресетира”, со цел да се избегне попуштање на бубрезите. Тој исто така забележува дека наодите на неговиот тим сугерира на можноста за развој на нови лекови и фармаколошки агенси кои евентуално би оствариле ист ефект како и примената на кетегоничната диета.

Тимот од планината Синај, инаку, планира нови студии за да го испита влијанието на гореспоменатата диета и на други невролошки болести, вклучувајќи ја и ретинопатијата, која предизвикува губење на видот.

Ова се само истражувања и влијаат кај секое тело различно.