Кажете им збогум на стриите со домашни рецепти

Дали ќе ви се појават стрии најчесто зависи од гените и од тоа колку вашата кожа е растеглива, односно колкаво количество на колаген и витамин Е содржи.

За да ги победите стриите, потребно е да јадете што е можно повеќе храна богата со витамин К, Е и Ц. Истовремено, местата на кои веќе се појавиле стриите треба да ги премачкувате со препрати кои можете да си ги подготвите и дома. Ова се два сосема природни начини како да го решите овој естетски проблем.

Масло со камилица

Помешајте камилица со масло од лаванда и масло од јојоба. Со смесата секојдневно мачкајте ги местата на кои ви се појавиле стрии.

Масло со авокадо

Измешајте авокадо, лимон и маслиново масло. Два пати неделно со помош на газа, нанесувајте ја смесата врз местата на кои имате стрии и нежно тријте.