Катарактата која е предизвикана од староста е најчеста причина за слепило. Се додека точните причини за појава на катаракта не се утврдат, истражувањата на научниците продолжуваат да најдат начин како со здрава исхрана да го намалат ризикот од појава на истата.
Генерално, јадењето на здрава храна богата со антиоксиданси и одредени витамини можат да го намалат ризикот од појава на катаракта или пак на нејзината прогресија.
Во окото, оксидацијата ги зафаќа протеините и мастите во леќата до тој степен да таа се оштети и замагли креирајќи ѕид кој го викаме катаракта. Слободните радикали кои ја предизвикуваат оваа оксидација можат да потекнуваат од загадувачите во воздухот, пушењето, изложување на радијација или јадење нездрава храна.
Витаминот Ц, витаминот А и витаминот Е се примери за некои антиоксиданси кои најмногу можете да ги најдете во овошјата или во темнозелените зеленчуци.
Луѓето кои редовно практикуваат здрава исхрана покажуваат намалување на процентот на заболени од катаракта. Впрочем што е здрава исхрана? Здрава исхрана е онаа исхрана која содржи дневно барем девет парчиња на овошје и зеленчук, најмалку три послужувања со зрнести продукти – тука се мисли и на лебот и цереалите, и најмалку два оброка од риба неделно. Тоталните калории кои дневно ги внесувате треба да бидат доволни за да ви ја одржат нормална телесната тежина.
За да го постигнете ова секако дека треба да намалите со користење на зашеќерени пијалоци, десерти и брза храна. Но не се секирајте, штом се навикнете на здрава храна нема да ви недостигаат овие. Наградата секако дека ќе биде поздраво тело и нормално подобар вид.