Као какао !

Американските научници објавија дека конзумирањето на производи кои содржат какао, вклучувајќи го и црното чоколадо, можат да го намалат нивото на лошиот холестерол (LDL).

Какаото е богато со флаванолим, природно хемиско соединение, за кое постојат докази кои укажуваат дека тие соединенија позитивно влијаат на концентрацијата на мастите (липиди) во крвта : триглицеридите, LDL холестеролот и  HDL холестеролот (добар холестерол).

Стручњаците укажуваат дека со одржувањето на нормалните вредности на липидите во крвта се спречува и развојот на кардиоваскуларните болести.

Заменете го утринското кафе со шолја топло какао.