Какви веѓи одговараат на вашата боја на коса ?

Бојата на веѓите освен што треба да ја прилагодите на обликот на лицето, треба да ја прилагодите и на бојата на косата. На пример, на русокосите најмногу им одговараат веѓи кои се со една или две нијанси потемни од косата. Ако имате кафена или црна коса, најдобро е вашите веѓи да бидат со нијанса до две посветла од вашата коса. Тоа на лицето ќе му даде „помек“ и поприроден изглед.

vegi 2

Со правилно нијансирање за време на обликувањето на веѓите треба да внимавате формата да одговара на фризурата. На кратка коса најмногу одговараат веѓи со средна дебелина, со благ лак кои го отвораат лицето.

Шишките не трпат густи веѓи кои ѕиркаат од под прамените, па затоа мора да ги отстраните. Најдобар избор се тенките веѓи, со мек лак и нијанса која е најблиска на вашата коса.

vegi

На долга коса особено на руса, најмногу и одговараат природните веѓи чиј лак не треба да се менува. Доволно е само да ги отстраните вишокот на влакненца. Долгата коса трпи густи веѓи како што ги носи Кара Делавињ, но и потенциран лак како што носи Ким Кардашијан.