Наслагите на стомакот е најлесно да се добијат, а најтешко да се отстранат. Ако не сакате диети и интензивна физичка активност, ќе ви помогнат и малите промени кои ќе ги воведете во исхраната. Ние ќе ви откриеме пет видови на храна со која ќе го “испеглате” стомакот, без да поминувате со часови правејќи стомачни вежби.
Овесни снегулки
Тие се богати со растителни влакна, и создаваат чувство на ситост, со што ќе јадете помалку , а ќе бидете подолго сити.
Јогурт
Тој е одлично решение за луѓето кои ги мачи подуеноста, затоа што го забрзува метаболизмот. Изберете јогурт со помал процент на масти.
Авокадо
Тоа е богато со здрави незаситени масти. Создава чувство на ситост, не дебелее, а помага да се намалат мастите во пределот на стомакот.
Краставица
Го стимулира протерувањето на течностите од телото. Бидејќи кората содржи состојки кои го забрзуваат метаболизмот, најдобро е добро да ги измиете краставиците и да ги јадете со лушпа .
Зелен чај
Тој е одличен за целокупното здравје. Тој е благ диуретик и помага во регулирање на шеќерот во крвта.