Како правилно се јаде мед ?

Веројатно сте слушнале многу за придобивките од јадење мед. Сега можеме да ви дадеме неколку практични совети за правилно да го консумирате медот, за да се добие најмногу од неговите состојки, и  што никогаш не треба се прави кога користите мед.

Најдобар начин за земање на  мед е една лажица на празен стомак во утринските часови и една навечер.

Медот треба да одстои во устата и полека да се раствора во рок од неколку минути. Не го голтајте веднаш и не пијте вода. Задржувањето на мед во устата ќе ви овозможи апсорпција на дел од медот низ крвните садови под јазикот во организмот, пред да стигне до желудникот. Така ќе го соберете најдоброто од здравите состојки на медот.

Друга опција е да  растворите  лажица мед во топло млеко или чај. Потоа овој пијалок полека пијте го со помалку задржување во устата. На овој начин, се активира  ензимот кој го поттикнува антисептичкото и антивирусното својства на медот, кој дејствува прво на усната празнина  и грлото, а потоа и остатокот од телото. Вака  се добиваат максималните здравствени придобивки од медот и зајакнување на вашиот имунолошки систем.

Медот кој се консумира во утринските часови ќе ви даде сила и енергија ,а во вечерните часови пред спиење со млеко или чај ќе ви помогне на вас  и вашите деца да имате подобар сон.

Медот не треба да се дава на деца на возраст под една година (според најновите истражувања до 2 година). Причината е ризикот од алергиска реакција, затоа што медот содржи мноштво на потенцијални алергени од природата на кои телото на детето не е подготвено.

Мед  може да се стави на изгореници веднаш по нивното создавање, со што ќе се избегнат плускавци и лузни. Мед може да ставите и на мали рани и посекотини, бидејќи е антисептик. Со ова ќе  направите стерилизација и ќе ја намалите  болката.

Никогаш не го изложувајте медот на високи температури. Медот станува токсичен кога  ќе се изложи на висока температура. Затоа никогаш не  ставајте мед во колачи или јадења кои се печат. Многу топол или запечен мед станува штетен, бидејќи создава леплива токсична маса која го  затнува дигестивниот тракт и цревата.

Медот ги губи лековитите својства на температура поголема од 40 степени Целзиусови , затоа ставете го само кога чајот ќе се олади за да го задржи својот позитивен ефект.

Медот по можност земете го со дрвена, порцеланска или со пластична, но не и со метална лажица.

Медот со кристализација не ги губи лековитите својства. Тоа е само природен процес кој се јавува кога медот се чува на пониска температура. Рокот на траење на добро затворениот мед е неограничен.