Можеме слободно да кажеме дека една третина од луѓето на балканот патат од хипертензија или зголемен крвен притисок. Кај некои се јавува понекогаш, но кај голем број се јавува и хронично. Од тука доаѓа и потребата за редовно мерење на крвниот притисок во ординациски, но и во домашни услови. Еве неколку совети во врска со мерењето на крвниот притисок…
Како правилно да го измерам притисокот?
Важно е мажетната да ја ставите два-три сантиметри над лактот за да можете правилно да го слушнете или забележите крвниот притисок. Мажетната треба да биде доволно долга за да ја опфати раката. Исто така и воздухот во мажетната мора да биде истиснат за наредното мерење.
На која рака да го мерам крвниот притисок?
Во нормални услови крвниот притисок е идентичен или се разликува за 10 mmHg на едната во однос на другата рака. Доколку се разликува за повеќе, може да укажува на пореметување во циркулацијата. Важно е крвниот притисок да се мери и на двете раце.
На колкав период да го повторувам мерењето на крвниот притисок?
Мерењето на крвниот притисок треба да се повтори најмалку двапати или трипати, од кои ќе се земе средната вредност. Крвниот притисок редовно треба да се контролира и кај луѓето кои немаат никакви симптоми, барем еднаш месечно.
Што треба да знам пред да почнам да го мерам притисокот?
Лицето секогаш треба да биде одморено. 10-15 минути е оптимално време по доаѓањето на пациентот за преглед. Паузата помеѓу две мерења не треба да е пократка од 5 минути. Во лекарска ординација се практикува мерење на притисок на почетокот и на крајот на прегледот. Не ретко на крајот се добиваат пониски вредности поради напнатоста на пациентот.
Во врска со апаратот…
- Секогаш проверете го кај матичниот лекар
- Секогаш прочитајте го упатството за употреба
- Советувајте се со лекар како да го употребувате
- Никогаш не паничете поради добиените резултати
- Не практикувајте да го мерите самите доколку не е неопходно