Техниките за релаксација се ефективни третмани за многу луѓе кои имаат проблеми со анксиозноста. Луѓето кои страдаат од оваа состојба најчесто имаат проблеми со несоница, главоболка, тензија во мускулите и треперење. Дури и најпростите техники за релаксација можат многу да помогнат во справувањето со оваа непријатна состојба.
Прогресивна мускулна релаксација
Мускулната тензија може да се јави кај луѓето кои се под стрес поголемиот дел од времето. Опуштањето е многу важен чекор во борбата со оваа состојба. Можете да си помогнете многу, ако привремено ги стегате одредени групи на телесни мускули и потоа ги опуштате. Стегнете ги мускулите неколку секунди, потоа опуштете ги и седете така некаде околу 30 секунди. За многу кратко време ќе ги почувствувате благодетите од овие вежби.
Длабоко вдишување
Хипервентилацијата која се јавува кај лица погодени од анксиозност или брзото и длабоко дишење, може да доведе до загуба на јаглерод диоксид во крвта и губење на свеста. Но, од друга страна може да биде победено со разни техники на вдишување кои вклучуваат вдишување со користење на дијафрагмата а не преку градите.
Седнете или легнете на подот, ставете ја едната рака на градите а другата на стомакот и почнете да вдишувате длабоко. Концентрирајте се на движењето на вашиот абдомен наместо на вашите гради додека полека вдишувате и издишувате. Слични методи се користат во вежбањето јога. Поентата е да се намали движењето на абдоменот додека трае вежбањето.
Визуализација
Техниките на визуелизација, како и мускулна релаксација и помагаат на личноста да прави најобични вежби за релаксација во секојдневниот живот и со тоа да го одбегнува стресот и анксиозноста. Со затворени очи, се визуелизира тивка и мирна идила и притоа и вие се замислувате како сте таму и се релаксирате. Можете да се замислите на некоја плажа, езеро или на зелена ливада каде што вашите напади на анксиозност ќе исчезнат.
Биофидбек
Анксиозноста е резултат на стресот. Биофидбек терапијата дава позитивни резултати кај лицата кои се постојано под стрес. Помага во релаксирањето со кое се регулира крвниот притисок, тензијата во мускулите, главоболките и срцевиот пулс. Луѓето кои се подложени на ваква терапија се учат како да се справуваат со телесните процеси. Се аплицираат електроди на телото кои вршат мониторинг на срцевиот пулс и притисокот на крвта. Во зависност од вчитаните резултати на мониторот, терапевтот ви помага со релаксација и психички методи да се поправат резултатите.
Вежбање
Стресот кој ја поттикнува анксиозноста во многу случаи може да го преплави телото со адреналин и други стрес хормони. Физичката активност е одличен начин да се намалат тие активности на телото и да се биде многу порелаксиран. Практикувањето на разни физички активности 3 до 4 пати неделно е препорачано од многу медицински лица и се смета за одличен начин во борбата против досадата.