Постојат правила за тоа кога и што треба да се консумира, а кога не, и кои намирници треба да се комбинираат при тоа. Храната која е не правилно комбинирана и така внесена во организмот се вари дури и повеќе од 8 саати.
Што не треба да правите и што не треба да мешате?
Медот е сосема здрав и лековит, но не треба да го готвите како додаток на јадењата. Медот се препорачува за засладување на топлиот не толку врел чај.
Ладната вода не треба да ја пиете непосредно после оброкот, бидејќи само го намалува ефектот на храната и го отежнува варењето.
Млекото не треба да го пиете во комбинација со: месо, месни преработки, рибни специјалитети, кисели и солени јадења. Експертите се согласуваат во ставот дека млекото од соја не е многу застапено на нашата трпеза, а би требало што повеќе да се користи во секојдневната исхрана.
Кафето и млекото заедно тешко се варат, па не треба да се мешаат.
Компиорот и лубеницата како комбинација не им се препорачува на дијабетичарите.
Компирот со месо во ист оброк не е препорачлив, бидејќи двата намирници содржат ист вид хранливи материи, што претставува напор за организмот и допридонесува за дебелеење. Со месото е подобро да се консумира мешункаст зеленчук.
Месото не треба да го јадете во комбинација со: спанаќ, сирење, леб или јајца. Можат да се комбинираат две врсти на месо од еднаш.
Јајцата и спанаќот кога се консумираат заедно, тие попречуваат на правилната апсорбција на железото од желудникот.
Белиот шеќер, белата камена сол, рафинираното масло и белото брашно треба да се избегнуваат во исхраната. Наместо белиот шеќер – треба да се консумира кафениот шеќер, наместо камена сол – треба да се консумира моркса сол, наместо рафинирано – масло нерафинирано масло (најздраво е маслиновото масло), а наместо белото брашно – подобро е да се користи интегралното брашно.
Макробиотичката храна не е препорачлива за: трудниците и малите деца, за да не им се намалат неопходните витамини и минерали.
После обилниот оброк не треба веднаш да се впуштите на напорна работа, ниту да започнете да играте некој тежок спорт (во никој случај пливање), ниту веднаш да легнете да спиете.
Што се препорачува?
Овошјето треба да се каде како посебен оброк или како ужина два саати пред или два саати после оброкот, но никако веднаш по оброкот, бидејќи така “само киселееме некоја друга храна”. Во текот на денот треба да се консумираат што е можно повеќе оброци од овошје и зеленчук, а помалку месо, така што срцето и крвните садови би биле поздрави и поотпорни.
Пченката се препорачува во комбинација со: грав, грашок, боранија, леќа или соја.
Сладоледот е најдобро да го консумирате сомостојно, а не во комбинација со други додатоци.
Јогуртот или сирењето може да бидат добар и здрав додаток во комбинација со салатата (сирењето не треба да е полномасно).
Путерот може да се јаде со храната која содржи јагленихидрати.
Виното се препорачува и на празен стомак. Црното вино содржи корисни состојки кои поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем.
Интегралните житарки треба да се користат во исхраната наместо рафинирате житарки, бидејќи така ја намалуваат дебелината и ризикот од настанувањето на срцеви заболувања.