Кајсии, за подобар вид и здраво срце + богати со бета-каротен

Кајсиите се одгледувале уште во Индија околу 3000 години п.н.е. Во Ерменија пак, кајсиите биле огледувани толку долго, што се верувало дека тие потекнуваат од таму. Плодот бил одгледуван и во Персија уште од древните времиња и сувите кајсии биле важен продукт на трговските патишта.

Зошто се важни во исхраната?

Суровите кајсии содржат многу витамини, минерали и елементи кои се од голема важност за човечкиот организам, и тоа: калиум, фосфор, калциум, рибофлавин, железо, витамин А, магнезиум, цинк, бета каротен и витамин Ц. Други елементи кои се наоѓаат во трагови се селен, манган, тиамин, бакар, фолна киселина, витамин Б6, пантотенска киселина и холин.

Здравствени придобивки на кајсиите

Постојат бројни придобивки на кајсиите кога се работи за здравјето на срцето и очите. Кајсиите содржат висок процент на бета-каротен, супстанца која е важна за срцето и за намалувањето на ЛДЛ холестеролот во крвта. Содржината на витамин А во ова овошје е витална за здравјето на очите и за подобрување на видот. Витаминот А е моќен антиоксидант кој го спречува оштетувањето од слободни радикали на ткивата и клетките во организмот.

Во едно медицинско истражување издадено во Архивата на Офталлмологијата, се вели дека кој што консумира многу овошје, зеленчук и антиоксиданти, како што се витамин А, Е и Ц, како и бета-каротеноидите, тој ќе има помал ризик за појава на катаракта (заматување) и макуларна дегенерација (макула – точка на јасен вид).

Кајсиите исто така содржат и ликопен, кој може ја спречи појавата на некои типови на карцином и да го заштити срцето. Ликопенот најден во кајсиите го редуцира ризикот од одредени форми на канцер и прелиминарните истражувања покажаат дека оваа витална фитохемиска супстанца може да ја намали инциденцата на рак на простата.

Други здравствени придобивки од кајсиите вклучуваат можност да се третираат осипи по кожата, анемија, треска, болки во ушите, запек и индигестија. Кајсиите се погати со диететски влакна кој ја помагаат цревната перисталтика (движење) и ја спречуваат појавата на хроничен запек. Ова овошје исто така може да биде корисно во превенцијата од чирови.

Кајсиите не содржат масти и се извор на нутритиви, витамини и минерали кои се мошне битни за целокупното здравје на човекот.