Кафето го покачува холестеролот

Новите сознанија за кафето можеби ќе Ви го сменат почетокот на денот. Сите љубители на кафето треба да знаат дека во кафето има соединение, Kafestol, кое го покачува нивото на холестеролот. Kafestolot влијае на рецепторите во цревата, кои се клучни за регулирање на метаболизмот на холестерол.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Оваа состојка ја има и во кафето без кофеин. Најмногу зависи од начинот на приготвување на кафето. Во турското кафе, нес кафето има големи количини. Во многу мали количини го има кај филтер кафето.

Причината е во начинот на подготовка на кафето. Во хартиената кесичка од филтер кафето остануваат мастите од кафето, тоа се всушност состојките кои го зголемуваат холестеролот. Доколку конзумираме 5 шољи дневно кафе, во текот на четри недели нивото на холестеролот во крвта ќе се зголеми за 6 – 8%. Умереноста во конзумирање на кафе не би го дозволила тоа. Од друга страна треба да знаете дека токму Kafestol е антиканцероген, и го спречува ракот на дебелото црево.