Ју – диетата на Д-р Оз

Брзите диети станаа минато откако д-р Мехмет Оз ги објави своите теорија и план со кои со намалување на внесувањето калории во рок од 10 дена може да постигнете одлични резултати. 

Подгответе се за Ју диетата – револуционерен план за намалување на маснотиите, која го учи вашето тело само да слабее. Како? Се што мора да направите е да јадете 100 калории помалку секој ден

Тајната е во поттикнувањето создавање хормон кој го намалува апетитот со што телото почнува само да ги разгорува мастите. Трите хормони за кои мора да водите сметка се лептин, грелин и СКК. Контролирајќи ги нив, секој ден ќе јадете по 100 калории помалку без тоа воопшто да го забележите, а тоа намалување, ако им се верува на докторите, поттикнува нагла редукција на тежината.

  • КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО ХОРМОНОТ НА ГЛАД

Тоа го постигнувате со чести и мали оброци (не дозволувајте да поминат повеќе од три часа меѓу два оброка).

  • ИСТРЕНИРАЈТЕ ГО ХОРМОНОТ НА ПОЛН ЖЕЛУДНИК

Получасовна прошетка секој ден ќе биде доволна.

  • ЗАМОЛЧЕТЕ ГО ХОРМОНОТ НА ЛАКОМОСТА

Грицките со нискокалорични масти, како што е рака лешници половина час пред оброкот, го поттикнуваат вашиот организам на создавање на хормонот СКК, така што додека дојде до главниот оброк вие веќе сте по малку сити, па нема да ја трупате храната во себе.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Не применувајте ниедна диета или режим на исхрана без да се консултирате со вашиот лекар