Млечните производи со здрави бактерии ги намалуваат активностите во мозокот одговорни за болка и емоции, па така пробиотиците ги намалуваат симптомите на депресија и служат како превенција
Пробиотиците кои се наоѓаат во јогуртот можат да го подобрат расположението, бидејќи влијаат врз делови на мозокот одговорни за управување со емоции и чувства на болка, велат истражувачите од Универзитетот во Лос Анџелес. Тие откриле дека луѓето кои јадат јогурт со пробиотици двапати на ден имаат изменета функцијата на мозокот.
Во студијата, жените на возраст од 18 – 53 години пиеле јогурт двапати на ден во текот на еден месец. Притоа со магнетна резонанса биле скенирани нивните мозоци и биле поделени во три групи, од кои првите пиеле јогурт со живи бактериски култури, како што се Bifidobacterium animalis, Streptococcus thermophilus Lactobacillus bulgaricus, втората група јаделе млечни производи без живи бактериски култури, а третата група воопшто не земала млечни производи.
Резултатите покажале дека пробиотиците ја намалуваат активноста на мозокот кој ги вклучува соматосензорниот кортекс, како и префронтален кортекс, кој е одговорен за сознанието и емоциите. Механизмите одговорни за овие промени се непознати, но очигледно е дека добрите бактерии во дигестивниот систем праќаат молекуларни сигнали до мозокот.
– Тоа што го јадеме влијае на тоа како ќе функционираме, а неверојатно е дека може и да го промени расположението. Така јогуртот штити од депресија, додека типичната западна исхрана со многу маснотии, шеќер и јаглехидрати го прави спротивното – рече лидерот на студијата, д-р Емеран Мајер .