Јаболков оцет + чили пиперка + лимон = фитко тело

Во текот на зимските месеци телото има тенденција да ја зголеми акумулацијата на масното ткиво, за кое придонесува и значително намалената физичка активност и мрсните оброци.

Ние стануваме свесни за оваа критична зона околу половината со првиот знак за потопли денови. Намeсто да размислувате како да ги покриете и скриете трагите од зимата со модни сојузници, ние ви даваме сок, кој во дует со вежбањето ќе ги отстрани мастите.

Состојки за кисел сок:

– 1 лажичка јаболков оцет

– 1/8 лажица чили пиперка во прав

– сок и кора од еден лимон

Подготовка:

Измијте го лимонот а потоа изрендајте ја неговата кора во сад и прелијте со жешка вода. По 10 минути, додадете го сокот од лимон, јаболков оцет и малку чили пиперка. Мешајте пред секоја голтка, и пијте го пред и после јадење.

Чилито во прав- ќе го подобри варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира топењето на мастите. Имено неговата состојка капсаицин го стимулира нервниот систем да создава толина во телото кое промовира забрзано потрошување на калориите. Лимонот- содржи супстанца која го забавува таложењето на мастите и кората од лимон содржи policosanol- тип на шеќер кој помага во согорувањето на акумулираните масти. Јаболков оцет- редовното конзумирање на умерено количество на јаболков оцет помага во разложувањето на мастите во телото. Оцетот, всушност, содржи природни киселини кои ги мијат растворените токсини и ја исфрлаат недигестираната храна од цревата.