Избришете ги брчките од лицето со павлака и сок од лимон

Со миксер добро изматете го зрелото авокадо со пет лажици блага павлака и малку сок од лимон. Нанесете го на лицето и градите

Долга е низата на лековити својства на авокадо, тропско овошје за кое многу луѓе веруваат дека има магична моќ. Извор е на бакар, калциум, магнезиум, витамин Ц, витамин од Б групата, потоа витамин Е, кој покрај тоа што ја заштитува кожата, е исто така, моќен антиоксиданс.

Се препорачува во секојдневната исхрана,бидејќи ја спречува хипертензијата и ја регулира работата на срцето, диеталните влакна го стимулираат дигестивниот систем, а корисен е и за санирање на болки во грлото. За да не се издадете со годините, наместо ботокс направете маска која ќе ве подмлади, а лицето ќе ви блесне : со миксер изматете го авокадото со пет лажички блага павлака и малку сок од лимон. Нанесете го на лицето и градите. Со млака вода отстранете ја маската по половина час.