Истражувањата потврдуваат: Лукот е лекот против грип и настинки

Маслото од лук го стимулира имунитетот, го заштитува организмот од настинки и грип и помага при лекување главоболки.

Иако е познат како најголем непријател на високиот крвен притисок, лукот е уште едно чудо на природата кое одамна се користи во борбата против настинки и грип. Навидум симпатичен и мал, но со понекогаш неверојатно непријатен мирис, лукот е природен антибиотик со голем и широк спектар на борба против болестите. Претставува масовен двигател кога станува збор за ослабен имунитет, го прави телото отпорно на многу вируси и бактерии, а тоа е резултат на неверојатните 200 активни состојки во неговиот состав.

Лукот одамна се користи во исхраната подобрувајќи го дишењето и ослободувајќи ги дишните патишта, а е и еден од најсилните противници на хроничниот бронхитис. За време на настинка или грип, со витаминот Б6 кој го содржи лукот, можете да се ослободите од непријатното кашлање.

Непријатниот мирис на лукот потекнува од најголемиот антибактериски борец во неговиот состав – моќниот алицин. Тој помага при превенција на опасност од грип и настинки и спречува и лекува главоболки.

Едно истражување на Garlic Centre во Источен Сасекс, Велика Британија предводено од директорот Peter Josling, покажа дека можеби науката е чекор поблиску до пронаоѓање на лек против обичната настинка и грипот. Имено, во истражувањето биле вклучени 146 испитаници, каде половина од нив земале суплементи со лук, додека останатите земале плацебо. Во рок од 12 недели (од ноември до февруари) само 24 настинки се регистрирани меѓу оние кои земале суплементи, а дури 64 меѓу оние кои земале плацебо. Истражувањето исто така покажало дека оние кои земале суплементи, а настинеле, значително го намалиле времето на опоравување.

Кликни за повеќе информацииbaner-prodazni-mesta