Инстант кафе + мед против кашлица

Необичното откритие на иранските научници од Багијаталах ( Baqiyatallah ) Универзитетската болница во Техеран, беше објавено како професионално работење во весник за примарната респираторна здравствена заштита. Истражувачите се занимавале со хронична кашлица кај пациенти  кај кои траеле неколку недели после изворната инфекција на белите дробови и од која е тешко да се ослободат. Лекарите препишуваат различни видови лекови за овие пациенти, но хроничната кашлица многу често ги мачи пациентите, многу долго по самата инфекција.
 
Истражувачите направиле три контролни групи, и двете групи ги лекувале со стандардни лекови, додека на третата група и  давале комбинација од 20 грама мед со 3 грама на инстант кафе. Дозата е давана во интервали од 8 часа во текот на 7 дена. Резултатите од групата со мед и кафе во лекувањето на хроничната кашлица беа убедливо  подобри. Во споредба со скапите и многу штетни лекови обичното инстант кафе и мед даде одлични резултати.
 
Супериорноста во излекувањето преку медот и кафето во однос на хемиските лекови, беше не само на фреквенцијата на кашлање кое се намали, туку и во брзината на дејствување на овој природен лек во однос на хемикалиите.
 
Затоа ви препорачуваме во случај на хронична кашлица по примерот во оваа студија да измешате една лажица мед со една лажичка инстант кафе. Добро изматете ги додека не добиете кремаста маса и испијте. Подоцна може да се испие една чаша млака вода. Пијте ја оваа смеса три пати на ден, додека симптомите на кашлица да престанат. Вреди да се проба, нели?