Инфаркт, што го предизвикува и како да го спречите

Инфаркт, односно миокарден инфаркт се случува кога e запрен дотокот на кислород до срцето. Ако не се превеземе нешто веднаш, мускулното ткиво на кое што му недостасува кислород може значително да се оштети па дури и да изумре. Степенот на направена штета и колку инфарктот ќе му влијае некому зависи од тоа во каква здравствена состојба е човекот пред инфарктот, колку време траел, во која артерија се наоѓа дефектот и каков третман е превземен. Веднаш по настанувањето на инфарктот може да се појават аритмии или прекин на работата на срцето коишто може да завршат фатално. Сепак, ако навремено се превземаат соодветни мерки, голем дел од пациентите успеваат да се вратат на нормалниот живот и по преживувањето инфаркт.

infarkt

Најчестата причина за инфаркт кај луѓето е  коронарна артериска болест при што артериите се стеснуваат поради насобирањето на наслаги по нивните ѕидови. Стеснувањето го прават таканаречени плаки кои се составени од масни наслаги, калциум,протеини и инфицирани клетки. Плаките имаат таканаречена “капа“ којашто во внатрешноста е мека,масна и густа, а однадвор е цврста. Таа го запира дотокот на кислород до срцето при што се јавува состојба наречена исхемија. Исхемијата предизвикува градна болка (ангина пекторис) и та една од првите знаци дека се ближи инфаркт. Како што се зголемуваат масните наслаги во ѕидот на артеријата, така капата се зголемува и на крај таа прска, при што се излива нејзината внатрешност и се излева густиот материјал. При тоа крвните клетки-тромбоцити веднаш доаѓаат до местото каде што се случува прскањето и започнуваат да ја згрутчуваат крвта за да ја корегираат раната при што се формира грутка наречена тромб. Ако овие грутки станат премногу големи, стеснетата артерија се блокира, крвта не може да поминува, срцето останува без кислород и настанува инфаркт. Инфарктот може да настане и поради спазми на коронарната артерија, но тие се ретка појава.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Иако некои луѓе имаат генетски предиспозиции за инфаркт, сепак секој индивидуално може да го намали ризикот со одржување на здрава телесна тежина, со редовна физичка активност и со редовно мерење и контрола на крвниот притисок.

Што треба да превземете за да не дојде до инфаркт?

  • Престанете со пушењето
  • Јадете здрава храна
  • Вежбајте умерено, но редовно.
  • Одржувајте ја телесната тежина во нормала
  • Намалете го стресот
  • Редовно мерење и контрола на крвниот притисок
  • Одмарајте и уживајте во малите задоволства