Научниците велат дека нордиската исхрана може да ви го подобри здравјето! Докажано е дека луѓето од северот немаат проблем со притисокот и срцето.
Традиционалната скандинавска кујна лесно може да стане ваша нова исхрана! Еве неколку идеи како да јадете како викинг.
Освен тоа, овој тип исхрана помага во регулирање на тежината.

ХАРИНГА
Скандинавците се луди по харинга. Таа е добар извор на витамин Д уште од шеснаесеттиот век. Тие ја јадат ладна, сушена, пржена …

СЛАТКО И КИСЕЛО
Викинзите во своите солени и кисела јадења додавале овошје за да го зачинат нивниот софистициран вкус. Одлична комбинација која веќе во устата ги разградува мастите и го забрзува варењето.

МЕСО
Традиционалната скандинавска исхрана содржи многу протеини од месо. Сепак, со месото се служи и коренест зеленчук кој е богат со растителни влакна и го олеснува варењето на храната.

ПРЖЕНО ЈАЈЦЕ
Пржените јајца, се разбира, се дел од исхраната на викинзите. Тие се сладеле со пржени јајца помеѓу серија напади и грабежи. Јајцата се многу корисна храна за жените. Го ублажува ПМС, а штитат и од рак на дојката.

ОТВОРЕН СЕНДВИЧ
Вашиот сендвич не мора да го преклопите со друго парче леб. Парче темен леб намачкајте со слој од паштета од туна, ставете парче говедско месо и гарнирајте со некој зелен зеленчук. Може и со сирење и шумски плодови, кои се главен зачин на северот.
