Студија проследена во текот на 15 години, направена врз речиси 42.000 жени во периодот по менопаузата, покажува дека кај оние што секоја недела внесувале интегрални житни растенија во доволно количество ризикот од дијабетес, астма или срцеви заболувања е понизок со над 40 отсто.
Добри опции се овес, кафеав ориз, црн леб, житни закуски, гриз, но и пуканки. Овој вид храна ги содржи биолошко активните делови на растението, т.е. она што го одржува растението живо – го одржува и оној што го јаде.