Храна која штити од срцев удар

Општо е познат фактот дека пченкарната храна е богата со јаглени хидрати, влакна, корисни масти, витамини, минерали, растителни ензими, хормони, како и стотици други фитонутритиенти.

Голем број на студии се поврзани со докажување и следење на врската помеѓу потрошувачката на целозрнестата храна и доброто здравје.

Без разлика во каква форма се конзумира, дали како леб, трици, мусли или друга полнозрнеста храна, таа има благотворно влијание врз виталните функции и системи во организмот.

Содржината на влакна во пченкарените производи го спречува создавањето на крвните згрутчувања, кои можат да доведат до затнување на коронарна артерија и да предизвикаат срцев удар.

Конзумацијата на овој тип на храна и производи може да го намали нивото на лошиот холестерол и на триглицеридите, со што ќе се намали и ризикот од кардиоваскуларни болести.

Научниците од Харвард откриле дека 2-3 порции дневно, најмногу на пченкарен леб и житен појадок, можат да го намалат ризикот од срцев удар до 30%.

Друго истражување, утврдило дека ризикот од кардиоваскуларни заболувања, како инфаркт, мозочен удар или затнати артерии е со 21% помал кај луѓе кои конзумираат житни производи секој ден.

Потрошувачката на овој вид храна може да го намали и ризикот од развој на дијабетес тип 2 до 21%, како и ризикот од појава на одредени тумори, како рак на дебелото црево.

Специјалистите советуваат да не се ограничуваме од работите кои ги сакаме да јадеме, туку тоа да го правиме разумно и здраво. Комбинацијата на пченкарниот леб со омиленото јадење е добро решение на проблемот.