Храна поради која го поттикнува стареењето на вашата кожа и тело

Заборавете на производите за подмладување. За почеток обрнете внимание на својата исхрана и избегнувајте одредени намирници кои го поттикнуваат стареењето.

ШЕЌЕР

Оваа слатка храна се “лепи” на колагенот, која ја прави кожата нееластична. Губиток на еластичноста на кожата допринесува за подлабоки брчки и постар изглед.

ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛАЦИ

Енергетските пијалаци ја оштетуваат забната глеѓ дури осум пати повеќе од другите газирани пијалаци.

СОЛ

Солта го дехидрира телото, предизвикувајќи замор. Покрај тоа, вишокот на сол лошо влијае на бубрезите, предизвикувајќи висок крвен притисок и го попречува метаболизмот на коските.

КАФЕ

Кафето и сите производи кои содржат кофеин, исто така, го дехидрираат телото, предизвикувајќи замор и исцрпеност.

СЛАТКИ

Засладувачите во индустриските слатки предизвикуваат разни воспаленија и ја прават кожата да изгледа збрчкана и постара.

ПРЖЕНА ХРАНА 

Како и шеќерот, вишокот на масти, кои се создаваат со пржење, предизвикуваат кожата да изгледа уморна. Мастите особено транс-мастите доведуваат до запушување и згрутчуваат артериите и крвните садови и ја прави кожата стара.

АЛКОХОЛ

Пиењето премногу алкохол го дехидрира телото и предизвикува брчки, губиток на колаген, црвенило и отеченост.

ВЕШТАЧКИ ЗАСЛАДУВАЧИ

Вештачки засладувачи се поврзани со главоболки, а исто така предизвикуваат болка во зглобовите.

ЈАГЛЕХИДРАТИ

Прекумерна употреба на јаглехидрати може да го оштети колагенот. Намалете го внесувањето на бел леб и тесто.

ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ

Како и пијалоците со висок процент на шеќер, газираните пијалаци исто така предизвикуваат дехидратација на телото.