Храна која го подобрува квалитетот на спермата

Неколку истражувања биле направени за да се утврди дали храната влијае на квалитетот на семената течност. Сите истражувања дале позитивен одговор. Генерално земено, лицата кои јаделе повеќе овошје и зеленчук имале многу подобар квалитет на спермата од оние кои конзумирале друг тип на храна. Ние издвоивме неколку намирници за кои научниците тврдат дека се добри за подобрување на квалитетот на спермата. 

Лубеница

Ова е можеби и најпрочуеното и за нас достапно овошје кое не само што го подобрува квалитетот на спермата туку и ја зголемува сексуалната желба односно потентноста. Многу антиоксиданти, но и други елементи се откриени во лубеницата за кои научниците сметаат дека се исклучително здрави. Лубеницата е уште нарекувана и природна вијагра.

Лосос

Лососот содржи многу омега 3 масни киселини. Го намалува нивото на лошиот холестерол, и му дава енергија на организмот. Сево ова, заедно со уште некои елементи кои се пронајдени во лососот влијаат за подобрување на квалитетот на спермата.

Домат

Доматот е богат со ликопен кој е здрав за простата. А здрава простата секако дава и квалитетна семена течност. Затоа, за доброто на простата, но и за сите други органи во телото редовно конзумирајте домати.

Разни зачини

Зачин од бел лук, оригано или цимет и нивното контролирано користење е доследен начин за зачувување на квалитетот на спермата. Додавајте ги во разни јадења, но не претерувајте за да не му наштетите на желудникот.

Јагода, боровинка, малина…

Ваквиот тип на овошје е од непроценлива важност за телото, како и за квалитетот на спермата. Освен ова, овие овошја играат важна улога за подобрување и на вкусот на семената течност. – See more at: