Хороскоп за месец јануари

Добредојдовте во јануари. Студен и снежен, сепак полн со радост и надеж за нови среќни мигови и почетоци за годината што следува. А што велат ѕвездите? Што ви претстои овој студен јануари?

Јарец – наклонетоста на сонцето е некаде до 20ти овој месец ,а па празничното и роденденско славење може да продолжи во добро расположение.  На претек е и доста слободно време, но и проекти и продуктивност, додека вечерите се исполнети со спонтаност.

Водолија – романтичен, паметен и секси знак. Барем овој јануари, сите се наклонети кон водолиите. Сите сакаат да бидат во ваша околина, да присуствуваат на вашата забава, да бидат дел од вашите идеи. Страста е разгорена, но вие сѐ уште сакате да бидете сами. Уживајте кога ви се наближува роденденот, а генијалните идеи извадете ги на виделите дури по 11.02.

Риби – и кога станува збор за забава и кога станува збор за релаксирано попладне во пижами, рибите се тука. Романтичен момент пристигнува на 4ти јануари. Потребен ви е мир, па најдобро е да се обидете да го најдете својот зен во првата половина од месецот. Во втората половина на месецот ќе имате голем проект на работен план, особено ако успеете да се ослободите од стариот товар на самиот почеток на 2015.

Овен – овој месец за овните е посветена кариерата и успехот на работно поле. Посветете се на креативни проекти и соработувајте. Не настојувајте да го носите целиот свет на ваши рамења. Ако имате некој ден одмор, поминете го покрај вода, бидејќи имате потреба од мир и тишина.

Бик – Во јануари, сите ѕвезди на вашиот знак се посветени на авантурата, затоа пакувајте куферите и заминете некаде далеку. А ако не можете да си го дозволите тоа, тогаш направете нешто креативно, нешто невообичаено и поработете на личниот развој. Но, пред да олетате во облаците, закопајтеги роговите во цврстата земја. Амбициите пренасочете ги на кариерата и направете смел потег до 20ти.

Близнаци – Ѕвездите овој месец ќе го зачинат вашиотсексуален живот, бидејќи се е обоено во боите на страста и интригата. Спакувајте ги куферите и заминете на романтично патување макар и на еден ден. Тоа направете го пред 21 јануари.

Рак – за раковите се е во бројот 2 овој месец, бидејќи до 20 јануари ѕвездите се наклонети кон партнерството.  Зборувајте гласно и изразете ги своите чувства. Внимавајте посесивноста да не ви ги наруши односите и не избрзувајте кон заклучоци додека не ги имате сите факти.

Лав – исто како и кај оние родени во знакот на рак, и лавовите се динамично дуо и се наклонети кон партнерските односи овој месец.  Можно е да се врати некоја стара љубов од минатото, но бидете внимателни. Внимавајте и на здравјето.

Девица –  Гладни сте за гламур, хедонистички задоволства и убавини. Погледнете нов рецепт за мартини или мафини со боровинки затоа што друго ништо и не ве интересира. Од 12 јануари ѕвездите се наклонети кон вашата секси страна и може да ви донесат некоја романтична љубовна врска.

Вага – домот е кај што е срцето. И тоа важи за вагите овој месец, бидејќи не сакаат да прават ништо друго освен да уживаат во домот и семејството. Време е да го реновирате домот, да станете најкреативни и да ги отворите вратите за сите пријатели.

Скорпија – Ова е станица на инспирација, бидејќи месецов вашата креативност e во екот. Комуникацијата со луѓето околу себе ви е најважна и треба да се држите до тоа.  Во текот на целиот месец ќе се приближувате кон домот и луѓето во домашната атмосфера. Ова е вашето време да се сплотите со семејството и да го надоместите изгубеното време.

Стрелец – треба да се вратите на вообичаените рутини кои ги изгубивте за време на празниците. Кога ќе ги испланирате важните и неодложни обврски, потоа ќе можете да си ја организирате забавата согласно со нив.

Имајте убав месец!