Гурмански леблебии со вкус на чипс

Ако не сакате да се откажете од закуски како чипс, можете да замените со поздрава, но подеднакво вкусна варијанта.
Пржени леблебии станаа хит во светот и буквално може да ги спремите за пет минути.
Доколку не претерате, ова може да биде одлична закуска со која ќе бидете сити долго време, а може да се комбинира со малку хумус.

Состојки што ќе ви бидат потребни:
– (450 гр) леблебии
– масло
– 1/8 лажичка ким
– 1/3 лажиче зачинети лути пиперки
– 1/3 лажичка оригано
– 1/4 лажичка лук во прав
– 1/4 лажичка ѓумбир
– Сол
– Бибер

Начин на подготовка:
Едноставно да се исцеди вишокот вода од леблеблијата, и пржете во масло над средна топлина. Пржете додека не пукне, две до три минути. Извадете ги, исцедете го вишокот на маснотии. Измешајте ги сите зачини во сад, а потоа зачинете ги пржените леблебии, промешајте и сервирајте.