Со многу истражувања е потврдено дека, консумирањето црно грозје и производите од ова овошје, го смалува нивото маснотиите во крвта и спречува затнување на крвните садови и настанување на тромбоза.
Екстрактот во семките на грозјето делува антиоксидансно, односно спречува оксидација на мастите, оштетување и затнување на крвните ќелии. Заради сите овие својства грозјето може да биде од голема помош, во превенција од настанокот и развојот на срцевите болести и артеросклероза.
Според некои истражувања, екстрактот на семките подобро ги штити ќелиите, од комбинацијата на витамините Е и Ц. Неговите состојќи го спречуваат дејството на ензимите, кои ги разградуваат ткивата.