Гледањето телевизија или работата на компјутер до доцна во ноќта предизвикува депресија

Гледањето телевизија или работата на компјутер до доцна во ноќта, како и спиењето во просторија во која е вклучен ТВ ги зголемува шансите да станете депресивни  тврди новото истражување на Американските научници.

Истражувачите  ноќе ги изложувале хрчаците на пригушено светло и воочиле промени во нивното однесување и мозок кои се изразито слични со симптомите кај депресивните луѓе. Зголеменото изложување на светлото на екраните во последните 50 години се совпаѓа со зголемениот степен на депресија, особено кај жените, кои се двапати повеќе склони кон оваа состојба од мажите.

Хрчаците во текот на експериментите биле четири пати неделно изложувани на слабо светло во текот на ноќта, слично на она кое го создава екранот во затемнета соба, а резултатите се споредувани со контролната грипа која била изложена на нормален циклус на светло и мрак. Потоа експерименталната група била изложувана на нормален циклус две или четири недели, а потоа испитувана.

Резултатите покажаа дека хрчаците биле помалку активни и покажувале помал интерес од вообичаено за пиење на засладена  вода, што се два симптома споредено со симптомите на депресија кај луѓето. Забележани се и биолошки сличности  во промените на мозокот со оние кај луѓето заболени од депресија.