Ѓумбирот е еден од најмоќните заштитници на организмот, содржејќи селен, манган, бета-каротен, витамин Ц, калиум … моќта на неговиот корен е неверојатна. Освен што го активира имунолошкиот систем, го смирува желудникот, го стимулира варењето, има и силно дурететско, како и антисептичко дејство.
Moќен антиоксиданс со антибактериско, антисептичко, антигабично, седативно и антипиретско дејство, а освен тоа и се смета како добар афродизијак.
- Ја отстранува настинката и грипот
Ако редовно го употребуваме ѓумбирот – кој е моќен антиоксиданс, а има и антибактериски својства – можеме да ја спречиме појавата на настинка и грип, како и можните компликации од овие состојби. Ѓумбирот ќе ни го зајакне имунитетот, ќе го олесни дишењето и ќе ја ублажи главоболката. Тој го поттикнува и потењето, па затоа е одличен и за намалување на телесната температура.
- Го намалува стресот
Ѓумбирот изобилува со антиоксидансот гингерол, кој помага во отстранувањето на штетните материи кои ги произведува нашето тело кога е во стресна состојба., а со самото тоа влијае и на намалувањето на психолошкиот стрес. За време на стресот се нарушува и процесот на варење, па се јавува мачнина, а ѓумбирот е лек и за овој проблем.
- Ја подобрува менталната активност
Познато е дека ѓумбирот ја отстранува главоболката, но малкумина знаат дека тој влијае позитивно за функционирањето на мозокот. Ако во текот на денот го употребуваме во било каква форма, ќе бидеме посвежи и ќе имаме повеќе сила и енергија, а ако во вечерните часови изедеме една порција топла, зеленчукова супа со додаток на ѓумбир, ќе си обезбедиме добар одмор и сон.
- Смирувач на утрински мачнини
Многу малку лекови и синтетички и природни се дозволени за време на бременоста. Сепак, ѓумбирот слободно може да се употребува во помали количини како извонредно средство за отстранување на утринските мачнини. Кога ќе почувствувате мачнина пијте чајот од ѓумбир и тоа не наеднаш, туку во помали голтки.
- Лек за артритис
Бидејќи ѓумбирот има антивоспалителни својства, тој е ефикасен во терапијата на ревматоиден артритис, остеоартритис и други нарушувања на мускулното и сврзно ткиво. Хемиските состојки кои ги содржи ѓумбирот се корисни во спречувањето на процесот на биосинтеза на просталгандинот, кој е одговорен за создавањето на воспаленијата. Некои истражувања покажуваат дека ѓумбирот во случај на артритис е многу поефикасен и од конвенционалните лекови.
- Ги топи масните наслаги
Иако правилната исхрана и редовното вежбање се единствен начин да се избориме со вишокот на килограми, постојат и бројни чудни додатоци кои можат да ни помогнат во процесот на слабеење. Меѓу нив се вбројува и ѓумбирот.
Овој лековит корен го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот, помага при лачење на плунката и варење на скробната храна, ја намалува надуеноста и запекот, а сето тоа допринесува за губење на килограмите.
- Лек за ладни раце и нозе
Синдромот на ладни раце и нозе веќе не се однесува само на постарата популација. Ѓумбирот е моќно средство за подобрување на циркулацијата, па им се препорачува на сите кои го имаат овој проблем. Најдобри резултати се постигнуваат ако редовно се пие топол чај од овој лековит корен.
Совршен избор за здравјето на целиот организам. Одличен лек против стомачни мачнини и абдоминална болка. Веќе докажан лек против настинка, грип, проблеми со синусите и хронична астма.
Благотворно делува кај проблемите со хроничен замор, остеоартритис, артритис и ревматски болки. Со неверојатно антибактериско дејство ја елиминира бактеријата Хеликобактер Пилори, ги намалува болките и киселините со желудникот, можноста за појава на чир и негово лекување. Најдобрата превенција и лекување на Гастритис.
Ѓумбирот го намалува ЛДЛ (лошиот холестерол) и го штити црниот дроб од замастување. Ѓумбирот ја подобрува меморијата и ја зголемува енергијата на телото. Ја подобрува потенцијата и репродуктивното здравје кај мажите.