Како да го намалите ризикот од срцеви заболувања…

Ѓумбир или зачин на животот…како што го нарекуваат. Со векови се користи во кинеската кујна, а во последниве децении се користи во медицината за лекување на различни кардиоваскуларни состојби, вклучувајќи згрутчување на крвта и висок холестерол. Со ова се намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Како го прави тоа ѓумбирот?
Ѓумбирот содржи антиинфламаторни својства, со што спречува да настане воспаление преку блокирање на многу гени. Со консумирање ѓумбир нивото на холестеролот не само што се намалува, туку спречува негова оксидација и коагулацијата на крвта не е возможна. А ова се најголемите причинители на срцеви болести.