Повеќе од 200 години се користел како зачин, но денес своето место го наоѓа и во традиционалнита индиска и кинеска медицина, поради уникатниот состав на фито-хемикалии, за кои се знае дека имаат превентивни и лековити својства. Лутиот корен всушност е подземен ризом од малото растение кое придонесува од контрола на шеќерот во крвта па се до спречување рак. Се смета дека оваа билка потекнува од регионот на Хималаите во Југоисточна Азија. Денес се одгледува на многу места низ целиот свет, за комерцијални потреби. Коренот е составен од делови кои наликуваат на прсти, со голем број јазли, кои растат надолу од површината на почвата. Свежиот корен има сребренкасто-сива боја на надворешноста. Во внатрешноста има кремасто-бело, жолто или црвено, крцкаво месо, во зависност од сортата. Во коренот често можат да се сретнат влакна низ средината, особено кај презреаните корења. Силниот, луткаст вкус и богатата арома се должат на присуството на есенцијалните масла и фенолните соединенија, како што се: гингероли и шогаоли.
Спас за дијабетичарите
Ѓумбирот е неопходен при регулација на нивоата на шеќерот во крвта. Голем број истражувања покажале дека ѓумбирот може да ги намали нивоата на шеќер во крвта. На пример, студијата од 2017 година следела група од 41 лице со дијабетес тип 2 околу 12 недели. Секој ден учесниците добивале 2 грама ѓумбир. На крајот на студијата, нивните нивоа на шеќер во крвта биле во просек околу 12% пониски. Тие, исто така, покажаа дека го намалија A1C и ги намалија маркерите на ЛДЛ холестеролот.
Заштитник на срцето
Ѓумбирот има корисни ефекти за кардиоваскуларниот систем, со тоа што се намалува количината на ЛДЛ холестерол и на триглицеридите, со само 3 грама дневна консумација на ѓумбир.
Противник на ракот
Овој ризом содржи хемикалија наречена gingerol, која е моќен антиоксидант и има антиинфламаторно дејство. Некои рани, ограничени студии покажуваат дека оваа хемикалија може да помогне во спречување на рак на панкреасот, рак на дојка и рак на јајчник.
Едноставни начини на употреба:
Излупете го ѓумбирот, изрендајте го и направете вкусен и лековит чај;
Додадете ѓумбир во омилениот цеден сок;
Додадете ѓумбир во свежа зеленчукова салата;