Гинекомастија е, по дефиниција, абнормално зголемување на млечните жлезди кај мажите, што се манифестира со зголемување на ткивото на градите. Гинекомастија е термин кој доаѓа од грчкиот јазик и во буквален превод значи женски гради, во клиничката слика на оваа состојба доминира зголемување на градите и изгледаат како женски гради.
Гинекомастија може да се појави кај новороденчето како резултат на земање на мајчиното млеко кое ги содржи хормоните естроген и прогестерон, но почесто во адолесценцијата поради не рамнотежа на половите хормони или други метаболични нарушувања, или употреба на одредени лекови со кои се третираат некои болести. Во денешно време гинекомастијата е најчеста кај децата кои се патолошки дебели. Имено, доаѓа до зголемување на ткивото на градите, односно првенствено зголемување на масното ткиво и ширење на кожата, а истовремено брадавиците може да се вовлечени или понекогаш испакнати. Гинекомастијата сепак, треба да биде одделена од другите промени на градите кај мажите, како мускулната хипертрофија поради тренинг или вежбање бодибилдинг, тогаш тоа е само зголемување на масата, односно градните мускули, а не липомастија односно, гинекомастија во која хипертрофира масното ткиво.
Како што споменавме, често со зголемување на масното ткиво се појавуваат испакнати брадавици. Ова се случува поради ефектот на андрогените хормони кои ткивото околу самата брадавица, во ореолот, предизвикуваат да отече и формира конусна форма, т. е. испакнати брадавици (оваа појава е честа појава, дури и кај луѓе кои се ангажирани во бодибилдинг, поради употребата на андрогени стероиди). Гинекомастијата ретко е еднострана, во повеќето случаи постои истовремено зголемување и раст на двете гради.
Гинекомастијата која е вродена, наследена, се јавува обично од 12-18 година од животот на момчињата и се јавува кај околу 40-60% од мажите. Се разбира најголем дел се санира со созревањето, вежбање и понатамошен раст, нормализација на хормоналниот статус. Но, неколкумина остануваат да се справуваат со овој, не секогаш патолошки, туку естетски и психички непријатен проблем, па на луѓето кои страдаат од гинекомастија им треба помош од експерти и тимови на лекарите.
Лицата кои се сомневаат на гинекомастија треба да одат на лекар, кој по прегледот ќе ја определи дијагнозата, но, исто така, да се испитаат некои од основните параметри на крвта кои може да упатат и на некои патолошки состојби на телото, како што се рак на тестисите кој знае да има клиничка слика која ја има гинекомастијата, но тоа, исто така, не значи дека секој човек кој има гинекомастија има и тестикуларен тумор.
Сепак кај поголемиот дел од случаите со гинекомастија, таа е предизвикана од поблаги хормонални нарушувања и прекумерна телесна тежина, овие млади луѓе треба да ги добијат потребните совети и препораки кои се однесуваат на вежбањето, општатата физичка активност, исхраната и ритамот на живот, но и препорака за сè што ги мачи да разговараат со психолог, со оглед на тоа дека гинекомастијата се јавува за време на адолесценцијата, кога едно младо момче почнува да созрева и се стекнува со првите искуства во областа на сексуалниот живот. Во тешки случаи, но понекогаш по барање на пациентот, гинекомастијата се санира со хирургија, со отстранување на вишокот на масно ткиво и реконструкција на ареолата и брадавица.
Не заборавајте да отидете на лекар и отворено да разговарате за сè, но исто така знам дека повеќе од 50% од младите луѓе кои се соочуваат со оваа појава водат сосема нормален и здрав живот, но само со позитивна и директна врска со светот и своето тело,од кое секако не треба да се срамиме.