Успешното губење на телесната тежина побарува севкупен активен животен стил. Додека специфичните кардиоваскуларни вежби се ефикасни за “горење” на калориите, вметнувањето на физички дневни активности исто така согоруваат калории и го помагаат намалувањето на телесната тежина.
Фактори
Интензитетот на Вашата домашна работа ќе направи директен удар врз бројот на калории кои ќе ги согорите. На пример, бришење на подот е поинтензивна вежба отколку лесното бришење на прашина. Како дополнување, Вашата телесна тежина ќе направи промена во согорените калории. Потешките луѓе согоруваат повеќе калории за истиот тип на работа.
Пресметани калории
Според експертите, личност со телесна маса од 75 килограми ќе потроши 211 калории за еден час работа по домот, додека личност со тежина од 95 килограми ќе согори повеќе од 260 калории. Постојат онлајн калкулатори со кои може да пресметате колку вие би потрошиле вршејќи домашни задачи.
Губење на телесната тежина
За секој изгубен половина килограм, мора да согорите 3500 калории повеќе отколку што внесувате. За значително да ги согорувате калориите и да ја намалите телесната тежина, треба да вметнете во Вашата рутина и кардиоваскуларни вежби. Домашната рабoтa само ќе го забрза процесот на губење на килограмите.
Домашната работа многумина не ја сметаат како начин за согорување калории, но сепак ако редовно се прави ќе допринесе во намалувањето на тежината. Обично се губат од 150 до 250 калории при изведување на домашните обврски за чистење.
Пример: Косењето трева со електрична косилка согорува 387 калории за еден час. Доколку теренот е нерамен, бројот на согорени калории може да биде уште поголем.