Жените кои за време на бременоста вежбаат го стимулираат развојот на мозокот на нероденото бебе , тврдат специјалистите. Само три тренинга од 20 минути неделно, многу влијаат за целокупното здравје на бебето пишува Дејли Мејл.
Научниците споредуваа две групи на трудници. Едната група редовно вежбаше, а другата група со физичка активност се занимавала само 10 минути неделно.
Кога децата се родиле, им била измерена мозочната активност со помош на 100 електроди кои пуштеле различни мелодии.
Децата чии мајки вежбале, полесно ја воочиле разликата помеѓу мелодиите од децата чии мајки не биле толку физички активни, а тоа значи дека кај првата група мозокот брзо се развил, покажало истражувањето.
„Нашето истражување покажа дека вежбањето за време на бременоста го забрзува развојот на мозокот на новороденчето. И покрај тоа што точната причина сеуште не е позната, се претпоставува дека тренингот го зголемува дотокот на кислород и го поттикнува производството на протеини задолжени за развојот на мозокот“, објаснува предводникот на истражувањето професор Дејв Елемберг.
Претходните истражувања потврдија дека вежбањето за време на бременоста го јакне срцето на бебето, но и го забрзува закрепнувањето после породување.