Фитнес вежби во домашни услови за отстранување на целулитот од задникот и бедрата + ВИДЕО

Целулитот се појавува на бутовите и на задникот кога прекумерните масти излегуваат од фиброзното марамче. Сите жени со било каква градба и раст се подложни на целулит. Најдобриот начин за да се изгуби целулитот е ист како и начините да се изгубат маснотиите секаде низ телото – диета и вежбање.

Треба да се изведуваат кардио вежби и вежби кои ги горат калориите со цел да се намалат маснотиите и да се зајакнат мускулите. Пробајте ги овие вежби три пати неделно, но со ден одмор откако сте вежбале претходниот ден. Сепак, иако вежбите можат да помогнат во намалувањето на целулитот, не можат комплетно да го отстранат. Консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете со диета или посебни вежби.

“Искачувач на планини“

Од стоечка позиција во мирување, кренете ја вашата десна нога и пробајте да си го доведете коленото до позиција до градите. Вратете ја десната нога на место и направете го истото со левата. Правете го ова околу 30 до 60 секунди. Оваа вежба ќе ја забрза работата на срцето и ќе ги засили мускулите на задникот и бутовите. Исто така добивате и дополнителна вежба за рамењата, градите и стомачните мускули.

“Клоцање“

Исправете се, стегнете ги стомачните мускули и раширете ги нозете, за стапалата да дојдат во ширина колку рамењата. Додека стоите вака, кренете ја десната нога нагоре и потоа силно испружете ја наназад, како да сакате да удрите некого од позади. Спуштете ја ногата и повторете го истото со левата. Менувајте ги нозете до брзина при која ќе забележите дека вашето дишење се забрзува и срцето чука побрзо.

Вежбата ќе ја засили работата на срцето и ќе ги забрза интервалите на кои дишете. Ваквите „клоцања“ влијаат на мускулите на бутовите и на тетивата. Направете по 20 за секоја нога, вкупно 40.

Сумо потези“

Застанете во истата почетна положба како и во претходната вежба. Олабавете ги колената. Испружете ја вашата десна нога настрана и правете кружни движења со неа. Потоа клекнете долу. Додека ги правите чекорите пред клекнувањето, секогаш држете ги колената позади прстите на нозете, т.е. исправени. Исправете се и вратете ја ногата во почетната позиција. Направете го истото и со другата нога.

Ова е дел од подготовките на еден сумо борач. Направете ја оваа вежба 15 пати на едната и 15 пати на другата нога.

“Лизгачи на мраз“

Оваа вежба е повеќе сконцентрирана на надворешноста на бутовите. Во исправена позиција, споете ги стапалата. Со споени стапала скокнете кон десно. „Приземјете“ се на вашето лево стапало и тоа да биде позади вас. Од истава положба, вратете се на почетната позиција, но овојпат застанете на вашето лево стапало а десното стапало нека биде позади вас. Ваквото скокање од страна на страна ќе го оптимизира горењето на калориите и ќе ја подобрите вашата рамнотежа.

Додека ја правите оваа вежба, замислете се себеси како олимписки лизгач на мраз. Изведете 15 вежби за секоја нога.

Покрај горенаведените вежби ви презентираме и видео со специјални вежби за отстранување на целулитот: