Етеричните масла се ароматични масла кои се извлечени од растенијата. Тие се користат во ароматерапијата, се додаваат на парфемите и се користат како арома за храна.
Во ароматерапијата се употребуваат на различни начини и се користат за лекување на телото. Освен физичките бенефиции кои ги имаат луѓето, употребата на овие есенции ја подобрува и психолошката благосостојба.
Етерични масла се високо концентрирани супстанции и често треба само една или две капки за да го добиете благотворното влијание. Меѓутоа, токму од таа причина треба да ги користите внимателно. Треба да се земат во предвид можните контрадикции кои може да ги направат.
Етерично масло од Пеперминт
Маслото од пеперминт е одлично за оние кои имаат гадење за време на патувањето. Ставете неколку капки на шамиче и вдишувајте на секои три минути. Тоа, исто така може да се користи за лекување на главоболки. Може да се нанесе на задната страна на вратот и на челото, само бидете внимателни маслото да не го нанесете во близина на очите. Ова масло ја зголемува и концентрација. Добро е за олеснување на болки во мускулите и се користи за масажа. Исто така може да се користи во олеснување на симптомите на настинка или грип.