Есенска диета

Оваа диета се базира на јаболка, кои секоја есен се најзачестено овошје на овие простори и вкупно едно дневно мени од диетата содржи само 1,200 калории. Од нутрициона гледна точка, јаболката ги содржат сите потребни хранливи состојки и овозможуваат губење на тежината.

Едно јаболко со средна тежина содржи околу 80 калории и задоволува околу 4 до 5 проценти од дневните енергетски потреби. Зрелите јаболка содржат 84-88% вода и затоа се драгоцен намирник за враќање на течноста во организмот. Киселкастиот вкус на јаболката потекнува од малите количини органска киселина (0,25-0,5 грама на 100 грама јаболка). Кон оваа диета треба да се придржувате само 1 седмица, а ќе бидете задоволни од ефектите.

Прв ден

Појадок: мало парче пита со јаболка и чаша сок.

Меѓуоброк: едно јаболко.

Ручек: тврдо варено јајце, порција мешан зеленчук варен на пареа, зачинет со лажица маслиново масло, цеден лимон, оцет и зачини по желба, едно јаболко.

Ужина: фрапе од едно јаболко и сок.

Вечера: печена телешка шницла со две лажици маслиново масло и зачини по желба, пире од јаболка и малку печен леб или пита.

Втор ден

Појадок: мало парче пита од јаболка и една чаша сок.

Меѓуоброк: сок од јаболка.

Ручек: бело месо, порција мешан варен зеленчук, зачинет со една лажица маслиново масло, сок од лимон, оцет и зачини по желба, малку препечен леб или пакетче крекери и едно јаболко.

Ужина: едно печено јаболкоВечера: печена риба (по избор) со пченка, зачинета со две лажички маслиново масло, салата од зелка и едно јаболко зачинета со сок од лимон и оцет, и малку печен леб или пита.

Трет ден

Појадок: немасен јогурт.

Меѓуоброк: едно јаболко.

Ручек: тестенина со доматен сос и лажичка маслиново масло, овошна салата од едно јаболко и киви попрскани со лимонов сок.

Ужина: едно јаболко печено во рерна.

Вечера: печено свинско со варени јаболка посипани со лимонов сок и малку сол, порција свеж мешан зеленчук, зачинет со лажичка маслиново масло, лимонов сок и малку тестенина.

Четврти ден

Појадок: помалку масен јогурт.

Меѓуоброк: сок од јаболка.

Ручек: Варено свинско месо, јаболка исечена на кришки и прелиена со црвено вино, мешан свеж зеленчук со маслиново масло и сок од лимон зачинети по желба и малку тестенина.

Ужина: Фрапе од јаболка и исцедени портокалиВечера: малку сирење, порција мешан зеленчук варен на пареа, зачинет со лажичка маслиново масло, лимонов сок, оцет и зачини по желба, малку тестенина и едно јаболко.

Петти ден

Појадок: Мало парче јаболкова штрудла и чаша млеко.

Меѓуоброк: јаболко.

Ручек: Пршута, салата од мешан зеленчук, зачинета со лажичка маслиново масло, лимонов сок, оцет и зачини по желба, пола тестенина или пакетче крекери и едно јаболко.

Ужина: едно јаболко печена во рерна.

Вечера: риба по желба, печена во рерна, зачинета со две лажички маслиново масло, заедно со салата од јаболка исечени на кришки и порпскани со лимонов сок, заедно со малку тестенина.