Енергетска бомба за подолг живот: ЖЕН ШЕН

Го нарекуваат „коренот на животот“ – и тоа со потполно право. Веќе илјадници години го мами стареењето на организмот, успешно се бори со стресот и ја враќа виталноста.

Можеби нема да се заљубите на прв поглед во него, но ефектите од жен шенот ќе направат да се заљубите во убавините на животот. Секако, бидејќи ќе имате доволно виталност и енергија да ги искусите.

Навидум чуден и непривлечен, овој корен со потекло од Кореја е неколку вековно богатство кое изобилува со лековита моќ во скоро сите сфери од човековиот организам. За Жен шенот се смета дека е адаптоген, односно има различни дејства и ефекти на телото кои го поддржуваат неспецифичниот отпор кон биохемиски и физички стрес.  Во составот на жен шенот се наоѓаат активните супстанци наречени гинсенозиди.

…ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СЕКОЈДНЕВИЕТО

Дијапазонот на состојби за кои се корисни овие коренчиња е огромен. Жен шенот се користи за подобрување на когницијата, за справување со стресот и подобрување на општото добро на организмот. Голем борец е против депресијата, анксиозноста и хроничниот замор, додека во некои случаи се користи и против заболувања на белите дробови.

Некои луѓе го употребуваат и како дел од терапија при рак на дојка и за превенција на рак на јајчниците, џигерот и кожата.  Корисен е и при третман на анемија, дијабетес, гастритис, астма и висока температура, но и при недоволен апетит, инсомнија и менопауза.

Во некои од најновите истражувања е покажано дека голем дел од мажите го користат при импотенција или прерана ејакулација.

….ВО БОРБА ПРОТИВ БОЛЕСТИ

  • Докази укажуваат дека консумирањето на жен шен дневно, 12 недели по ред, ја подобрува менталната перформанса кај луѓето со Алцхајмерова болест.
  • Оралната употреба на жен шен ја подобрува функцијата на белите дробови кај хронични белодробни заболувања.
  •  Користењето на жен шен заедно со гинко билката ја зголемува значително меморијата кај луѓе на возраст од 38 до 66 години.
  • Употребата на жен шен ја подобрува сексуалната функција кај мажите.
  • Кај луѓето со висок крвен притисок со користењето на жен шенот, може да дојде до значително намалување.
  •  Нанесувањето на крема која содржи жен шен, на машкиот полов орган придонесува за превенција на прерана ејакулација.
  • Кореанскиот жен шен во прав ја подобрува сексуалната возбуденост кај жените по менопаузата.