Асаи бери, „убавата Бери“ за рамен стомак и витка линија

Ако и вие спаѓате во категоријата на оние кои редовно започнуваат со диети, но никако да ги изгубат вишокот на килограми, можеби е крајно време да размислите за воведување на поголеми промени во начинот на исхрана. Но, и да почнете поразлично да размислувате за храната. Слабеењето е процес во кој треба да се вложи многу труд, но и одвикнување од лошите навики.

Екстракт од асаи бобинки – се добива од 20-метарските, витки асаи палмини дрва кои што потекнуваат од Амазонските прашуми кои се познати по својата уникатна клима. Тие се одгледуваат поради нивната супериорна срцевина која најчесто се користи како деликатес, или поради нивниот уникатен плод – асаи бобинката, која е вистнска нутритивна бомба позната по своите антиоксидантни карактеристики. Тие се исто така совршени навлажнувачи кои ја одржуваат кожата полна и млада.

Брз метаболизам и здрава тежина
Познати како суперхрана, асаи бобинките можат да помогнат не само во слабеењето туку и во одржувањето на здравата тежина. Една интересна студија од Националниот институт за слабеење открива дека асаи бобинките имаат способност да ги намалат ефектите од високото ниво на масти во исхраната. Асаито содржи амино киселини, ензими и есенцијални масни киселини како Омега 3 ,6 и 9 кои заедно го подобруваат метаболизмот кај човечкиот организам. Тие ги забрзуваат метаболичките процеси со што побрзо се согоруваат мастите во телото.

Во Бразил оваа суперхрана се нарекува „Убавата Бери“ поради својсвото да го разубавува телото како од надвор така и од внатре. Уникатната комбинација од антиоксиданси, аминокиселини и омега масни киселини помага во спречување на предвременото стареење, подобрување на имунолошкиот систем и метаболните функции, како и поддршка во лекувањето на многу сериозни болести поради способноста да ги елиминира деструктивните слободни радикали. Овие бобинки редовно се користат за енергија и за намалување на апетитот. Асаито со своите чудесни хранливи вредности и полезности го воодушеви целиот свет бидејќи на брз начин ги топи вишокот килограми, го елиминира целулитот и го обликува вашето тело како што отсекогаш посакувавте.