Она што го јадете влијае на вашето целокупно здравје, вклучувајќи го и здравјето на кожата. Ова се шестте најдобри намирници за здрава и блескава кожа.
Боровинки
Тие се богати со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали познати по предизвикувањето на многу болести и предвремено стареење. Освен тоа, го спречуваат оштетувањето на клетките на кожата, а се богати и со растителни влакна и витамини Ц и E.
Ореви
Тие се богати со Омега-3 масни киселини кои се одлични за кожата и косата. Косата ја прават сјајна, а кожата мазна.
Домати
Тие се богати со каротеноиди и хранливи материи кои помагаат да се забави оштетувањето на клетките предизвикано од слободните радикали.
Калинки
Богати со антиоксиданси кои и помагаат на кожата во производството на колаген со цел брзо закрепнување од оштетувањата.
Зелен чај
Тој е богат со антиоксиданси и помага да се ублажи штетата која е настаната од изложување на сонце. Содржи полифеноли кои помагаат да се регенерираат клетките на кожата. Богат е со витамините Ц, Д и К, цинк, калциум, магнезиум и железо. Само капуслите како екстракт од зелен чај може да Ви помогнат. Класичниот зелен чај е само чистење на организмот но не и доволно концентриран да се видат придобивките на лицето.