Експертите тврдат: 10 чаши вода на ден се гаранција за слабеење

Експертите трвдат дека лицата со вишок на килограми можат значително да ја намалат тежината доколку дневно пијат 10 чаши вода.

Водата може да го намали индексот на телесната маса. Ако пиете доволно вода, помалку ќе јадете, а и помалку ќе внесувате други течности кои се богати со калории. Доколку испиете 500 мл вода пред оброкот ќе го намалите внесот на калории, а со тоа ќе доведете до намалување на индексот на телесна маса.

Водата дополнително помага и во согорување на маснотиите. Со 10 чаши вода дневно можете да се ослободите од околу 50 отсто масти кои ќе ги конзумирате во текот на денот, велат експертите.