Тој нутритиент се подразбира дека е спирулината!
Најдобро време за да се напиеш спирулина е ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, сè додека ја земаш препорачаната доза. Оваа супер хранлива сино-зелена алга ти носи едни бенефити преку ден, а сосем други во текот на ноќта. А за да ги искористиш сите до една, најдобро е да ја пиеш и преку ден и навечер.
Токму затоа San Sebastian Spirulina е создадена да се пие во текот на целиот ден, поточно 8 до 10 таблети дневно, распоредени по 3 или повеќе, пред или по секој главен оброк.
Преку ваквото дозирање, San Sebastian Spirulina ќе го одржува твоето тело според потребите на едно деноноќие – наутро ќе ти дава енергија, навечер ќе ти го смири организмот за полесно да потонеш во сон.
Еве како делува San Sebastian Spirulina преку ден:
Те снабдува со енергија: Големите дози хлорофил присутни во спирулината ќе ти помогнат да се справиш со утринската летаргија. Ако те мачи запек, спирулината ќе ти помогне да ги исфрлиш токсините, да ги олабавиш мускулите и прочистен и енергизиран да го стартуваш денот. За да го засилиш ефектот, појадокот нека ти се базира на растителни влакна – овошје, зеленчук, киноа, овес.
Ти го намалува ризикот од настинки: Со своите антибактериски, антивирусни и антивоспалителни својства, спирулината им се спротиставува на оние вируси кои предизвикуваат горни респираторни инфекции.
Спирулината содржи витамин Б12, витамин Ц, фолна киселина, бета- каротен, цинк и железо кои го зајакнуваат имунолошкиот одговор во однос на бактериите. Ова значи дека ако почнеш да пиеш спирулина во рана есен, можеш да сметаш на твојот имунитет цела зимска сезона.
Во случај да се разболиш, задолжително пиј ги препорачаните 10 таблети San Sebastian Spirulina, храни се здраво и пиј многу течности за да се ослободиш од токсините за рекордно време.
Те подмладува: Спирулината содржи високи нивоа на фикоцијанин, пигмент што го ревитализира телото така што ја поттикнува апсорпцијата на кислород и на тој начин ја подмладува кожата. Ако ја пиеш рано наутро, сјајот на лицето ќе ти се задржи цел ден.
Ќе те засити, па дента помалку ќе јадеш: Спирулината е чист облик на протеин што го добиваш минус калориите. Колку за споредба, во 100 грама San Sebastian Spirulina има 65 грама протеини, а едно парче месо ќе ти обезбеди само 3 грама протеини. Спирулината е побогата и со витамин Б во однос на месото, па нема да ти недостасува енергија во ниту една секунда од денот.
Еве како делува San Sebastian Spirulina навечер:
Ќе ти помогне полесно да заспиеш: Спирулината го поттикнува лачењето на мелатонин, хормонот поради кој ти се приспива, што е особено корисно за оние што имаат проблеми со спиењето. Ако ја пиеш во континуитет, ќе успееш да го навикнеш телото да се исклучува кога треба.
Ќе ти помогне да се опоравиш после тренинг: Ако редовно спортуваш, не прескокнувај ја вечерната доза спирулина за да го забрзаш и интензивираш заздравувањето на мускулите што секако се случува преку ноќ. Обрни внимание, за да го постигнеш овој ефект, неопходно е да ја испиеш спирулината 30 минути пред легнување.
Ќе ти го намали стресот: Аминокиселините во спирулина таблетите имаат способност да го намалат кортизолот и другите стрес хормони кои се акумулирале во телото во текот на денот. Докажано е дека спирулината ќе ти помогне да спиеш подобро поради намаленото ниво на кортизол во организмот, а ќе се чувствуваш смирено во текот на наредниот ден.
San Sebastian Spirulina твојата 24 часовна поддршка!
San Sebastian Spirulina производите можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
San Sebastian Spirulina можете да го можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/kategorija/san-sebastian/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)