Дваесет тајни на жените за вечна самодоверба

Жените за време на нивниот живот трошат во просек повеќе од 10.000 евра на разни козметички производи, третмани, разубавување, фризери, членство во фитнес-клубови и гардероба, а се со цел да се чувствуваат добро, атрактивно и убаво, покажува студијата во кампањата „Подготвени за сјај” спроведена на повеќе од 2.000 жени.

veron

Според студијата, иако на егото на жената делуваат различни материјални работи, самодовербата обично ја прават оние работи кои не не чинат ништо, како што се насмевката и погледот на еден минувач. За повеќето жени најголемо значење за самодоверба има комплиментот од некој пријател или од партнерот, топлата прегратка или поканата за состанок.

Топ 20 работи кои го подобруваат расположението или ја подигнуваат самодовербата кај жените се:

•    Комплимент од пријател или од партнерот.
•    Нова фризура или промена на бојата на косата.
•    Фотографија на која изгледа убаво.
•    Кадифено мазни нозе после депилација.
•    Квалитетен сон.
•    Прегратка.
•    Кога некој ќе и каже „те сакам“.
•    Враќање од одмор со потемнет тен.
•    Насмевка од непознат.
•    Нова долна облека.
•    Коментари од луѓето дека  изгледаат помлади отколку што се’.
•    Прашања од други жени, каде го купила фустанот,чантата, итн…
•    Совршена комбинација на облека.
•    Комплимент од дете дека е убава.
•    Будење без акни и мозолчиња, со убав тен.
•    Носење на облека која го истакнува нејзиниот омилен дел од телото.
•    Убаво обликувани веѓи.
•    Покана за состанок.
•    Нов маникир.
•    Убава шминка.