Сончевата светлина може да го намали крвниот притисок и да помогне во спречувањето од срцев удар, тврдат научниците. Придобивките од сончевите зраци се поголеми отколку ризикот за добивање на рак на кожата.
Истражувачите на Универзитетот во Единбург откриле дека 20-минутна изложеност на сончева светлина ги стимулира крвните садови за да се произведе азотен оксид, што го намалува крвниот притисок, што пак директно го намалува ризикот од срцев удар, мозочен удар или згрутчување на крвта.
Докторот по дерматологија Ричард Велер рече дека мозочниот и срцевиот удар се посмртоносни од рак на кожата. Неговиот тим го следеше крвниот притисок на 24 волонтери, кои седеа под лампа две сесии од 20 минути.
Во првата сесија, волонтерите биле изложени на топлина и УВ зраци, додека во втората само топлина.
Крвниот притисок на волонтерите беше значително намален по првата сесија, но не и по втората. Ова значи дека УВ зрачењето е од суштинско значење за здравјето на луѓето, а не топлината.
Исто така, истражувањето е поддржано од претходните анализи кои покажуваат дека луѓето кои живеат во земји каде што има се помалку сончеви денови имаат повисок крвен притисок.