Порано жените немале салони за убавина, но секако се грижеле за својот изглед на многу поедноставен и природен начин. Ќе ви откриеме некои од тајните формули за разубавување, а чии состојки можете да ги најдете во вашата кујна.
1. Млеко + кафеав шеќер = пилинг за тело
За да ја направите вашата кожа мека и кадифена, потребен ќе ви биде едноставен пилинг. Односно, за повторно да ви биде кожата мека и нежна потребно е да и правите пилинг со цел да ги отстраните мртвите клетки. Во една шолја со млеко додадете 100 грама кафеав шеќер и ќе добиете најдобра смеса за пилинг.
2. Јогурт + мед = мелем против црвенило на лицето
Доколку имате проблем со црвенило на лицето, измешајте јогурт и мед и ќе добиете одлична маска за лице. Нанесете ја и оставете околу десет минути, а потоа измијте го лицето и црвенилото ќе исчезне.
3. Масло од шафран + обично масло = го обновува темето на главата
Наместо маслото од шафран можете да го користите и чичковото масло. Измешајте го со сончогледово масло и втријте го на темето на главата. Овој лековите напиток ја обновува кожата на темето.
4. Вазелин + нерафиниран шеќер = пилинг за уста
Усните ви се испукани и не ви помага лабело. Имаме решение!
Вазелинот во комбинација со нерафинираниот шеќер е одличен за пилинг на вашите усни. Нанесете го и ќе ги отстраните мртвите клетки.
5. Сол + вода = спреј за коса
Било која фризура да ја направите не ви трае повеќе од еден час. Наместо лак за коса измешајте сол во вода и ќе добиете мешавина со која најдобро ќе ја зацврстите фризурата.
6. Розина вода + Кокосово млеко = релаксирачка купка
Исушете ги ливчињата од роза, измијте ги, распоредете ги на чиста бела крпа, сушете ги во сенка и спакувајте ги во платнени кеси. Потоа, направете релаксирачка купка која ќе ви помогне да се ослободите од стресот.
Наполнете ја кадата со топла вода и додадете една шолја ливчиња од роза или водичка и шолја кокосово млеко. Релаксирајте се 10-15 минути,а потоа истуширајте се со обична вода .
7. Загреан маслиново масло + камилица = третман за нега на косата пред миење
Ова е одличен рецепт за оштетена коса. Во загреано маслиново масло ставете една лажичка цвет од камилица, покријте го и потоа оставете го да стои 30 минути.
Притиснете преку цедилката со лажица, и рамномерно распоредете ја по вашата коса, покријте ја со топла крпа и оставете ја 30 минути. После тоа, измијте ја косата.