Доколку често страдате од стомачна надуеност, гасови и подригнување, ви предлагаме природен сок кој може да ви биде решение за овој проблем.
Потребни состојки:
- половина помал ананас
- половина глава или 2 стебленца од анасон
- 2 Стебленца целер со лисја
- Дел од корен од ѓумбир 2-3 см
Ананасот содржи ензими кои помагаат во варењето на храната. Целерот го спречува задржувањето на вода и го превенира подригнувањето. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обновување на цревната флора. Сè заедно, комбинација што ќе може да го реши надуениот стомак и дигестивните проблеми.
Пијте на празен желудник колку што е потребно додека симптомите не исчезнат.