Грлото во овие периоди често знае да биде воспалено и проблематично. Наместо веднаш да одите во аптека и да барате разни таблети или антисептици, направете си сами лек. Лек кој што е природен безбеден и без никакви несакани ефекти.
- 2 dl вода
- Една супена лажица жалфија
- Една кафена лажица сода бикарбона
Начин на приготовка:
На оган ја ставаме водата. Ја оставаме се додека почне со вриење и веднаш потоа ја тргаме. Потоа ја додаваме жалфијата и ја оставаме да се излади. Одкако ќе се излади ја додаваме и содата и промешуваме.
Начин на конзумирање:
Со оваа терапија најдобро да започнете веднаш кога ќе осетите гребење или слаба болка во грлото, бидејќи во таков случај целосно ќе ја излечите болката и без дополнителна терапија. Доколку пак воспалението е во понапреден стадиум, тогаш конзумирајте го за намалување на болките и подобрување на дишењето заедно со препишаната терапија.
Земете по една голтка 5-6 пати днево. Направете гаргара и исплукајте. Држете ја течноста колку што можете повеќе на грлото пред да ја плукнете. Мораме да забележиме дека нема многу добар вкус, но има одлични резултати.