Во периоди на настинки, најдобро би било да го имате овој сируп подготвен за употреба. Ефикасен е при настинки и грипови, ја олеснува кашлицата, и овозможува квалитетен сон.
За овој сируп ви се потребни:
- ½ чаша лимонов сок, свежо исцеден
- ½ чаша маслинов зејтин, ладно цеден
- 1 чаша мед, од проверено потекло
- 1 лажица цимет (цејлонски)
Сите состојки убаво се мешаат за да се соединат. Се зема трипати на ден по една супена лажица, (за деца по една кафена лажичка, трипати на ден).
Лекот се чува во фрижидер.