Ја продожуваме рубриката како на едноставен начин да направиме нешто плус за нашето тело, овој пат со рецепт како на природен начин да го намалиме нивото на покачени триглицериди.
Потребни состојки:
- 400 g. целер
- 1 kg лимон
- 2 l вода
Начин на приготовка:
Добро измиен лимон се сецка на тенки парчиња и се става во 2 литри вода. Потоа садот во кој што сме го ставиле лимонот и водата го ставаме на оган. Целерот се сече и се става во водата заедно со лимонот, и се остава на силен оган околу 20 минути. Откако ќе поминат 20 минути, садот се трга од оганот и се остава да се олади најмалку 6 часа, најдобро преку ноќ. После 6 часа стоење смесата се цеди преку ситна цедалка. Откако ќе се приготви, може да го конзумираме.
Начинот на конзумирање е 100мл пред јадење, најдобро трипати на ден. Преостанатата количина додека да се употреби се чува на темно и ладно место.